Најстариот милијардер на светот , Чанг Јун Чунг од Сингапур има 100 години и секој ден оди на работа.
Милијардерот вели дека останувањето дома за него не е опција и дека би му било здодевно. Иако му ја предаде улогата на извршен претседател на компанијата на својот син Тео Сионг Сенг на почетокот на оваа година , Чанг во интервју вели дека работата му е постојана навика.
Секој ден ги запишувам сите мои активности во мојот дневник , се запишувам”, вели Чанг.
За него , тоа е начин да си го одржува менталното здравје и да остане во тек со работата на компанијата , која ја основал со два користени , стари брода во 1967 година.Компанијата сега има 18 000 вработени и е една од 20 најголеми транспортни компании во светот.
Синот Тео вели дека секој ден се консултира со својот татко најмалку два пати за да добие негово стручно мислење и да научи нешто повеќе за неговиот начин на раководење.
Comments are closed for this post.