Погребот на еден 65-годишен човек на Крит се претворил во голем шок кога роднините дознале оти во ковчегот не е нивниот роднина кој требал да биде погребан. Непријатната и шокантна случка се случила во Ираклион на грчкиот остров Крит.
Локалните медиуми објавија дека роднините и пријателите кои дошле на последното испраќање на 65-годипниот починат биле шокирани кога од погребалното пртпријатие им рекле дека има грешака, односно дека во нивниот ковчег има друго тело. И тоа им било кажано откако било завршено опелото и веќе се било спремно ковчегот да се положи во гробот.
Братот на починатиот изјавил за медиумите дека откако го отвориле ковчегот виделе дека друг мртовец лежи во нивниот ковчег облечен во алиштата на неговот брат.
Поради шокантната грешка целата погребна церемонија морала да се спроведе повторно.
Comments are closed for this post.