Некои ќе направат се за да станат славни. Некои прават такви нешта кои значат – да се собори нечиј рекорд. Но, се чини дека еден Белгијанец се обидува да собори Гинисов рекорд, кој, всушност и не постои.

Џими де Фрејн (48) во моментов е на обука за возач на авотбус и се обидува да го собори светскиот рекорд во седење на WC шолја. Во моментов тој се обидува да седи 165 часови на шолјата поставена во еден локален бар. Според него, толку треба да одседи за да го собори рекордот и да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Во моментов поминал на шолјата 116 часови.

„Прочитав некаде за овој рекорд. Не е лесно, ме болат нозете, но си реков дека треба да направам се за да го соборам рекордот“, изјави Де Фрејн.

Меѓутоа, по проверките не е никаде пронајдено дека постои забележано таков рекорд.

Како и да е Де Фрејн се држи до некои правила – можат да го постат пријателите во кое било време, има право на пазуа од 5 минути, но сепак иако седи на шолја таа не е поврзана за канализациската мрежа па за дневните потреби мора да оди на друго место.