Гигантска скулптура на вагина од бетон ја разгневи крајната десница во Бразил, предизвикувајќи жестока размена на напади на социјалните мрежи меѓу приврзаниците на претседателот Жаил Болсонаро и симпатизери на левицата, како и авторката на уметничкото дело, го пренесуваат софиски 24 часа електронското издание на Гардијан.

Делото на визуелната уметничка Џулијана Нотари беше промовирано во саботата во провинцијален арт-парк на површина на која порано постоела фабрика за шеќер во бразилската држава Пернамбуко. Нотари на фејсбук напиша дека светлоцрвената вулва, излеана од бетон на брдо, има за цел да „постави прашања за взаемните односи меѓу природата во нашето фалоцентрично и антропоцентрично западно општество“ и да предизвика дебата околу „проблематизирањето на полот“.

-Овие прашања денес стануваат се поболни, посочува авторката, очигледно со порака за растечката атмосфера на нетолерантност при владеењето на крајнодесниот претседател Болсонаро.

Нејзиниот коментар предизвика лавина од гневни реакции и напади кон нејзината уметност, очигледно од приврзаниците на шефот на државата.