Ако се добро затворени и складирани на место кое не го фаќа сонце и нема влага, некои намирници кои секојдневно ги употребуваме немаат рок на траење.
На пример, ако го затворите добро, медот може да трае вечно, а во тоа се увериле и археолозите во Египет, кои во гробниците пронашле мед стар околу три илјади години, кој се уште можел да се јаде. Бидејќи содржи мали количини на вода, шансите за преживување на бактериите и микроорганизмите се многу мали.
Солта во најлош случај може да се стврдне, но нејзиниот рок на траење е неограничен.
Без разлика дали е во прашање бел или кафеав шеќер со поголем процент на меласа, оваа слатка намирница никогаш не се расипува, доколку се чува во стаклен сад, на суво и ладно место.
Сувиот грав може да го јадете до недоглед, но имајте на ум дека со стареењето, исто така, се продолжува и неговото време за готвење.
На кафеавиот ориз проверете му го датумот на пакувањето, но на белиот нема потреба – ако се чува на правилен начин трае засекогаш.
Сите видови оцет имаат долг рок на траење, а белиот алкохолен оцет не може да се расипе, евентуално може да го промени вкусот.
Чистиот екстракт од ванила кој има висок процент алкохол нема да ги изгуби своите својства ако е добро затворен и се чува на суво и ладно место.
Магазинот Time консултираше неколку експерти и производители на храна, за да направи водич за роковите на траење на повеќе производи, што често ги консумираме.
Според истражувањето неотворено пиво може да се конзумира во рок од 4 месеци.
Кафе – мелено, неотворено две години, а отворено до 1 месец, ако се чува во фрижидер.
Соковите во пластика најчесто имат рокови но може да се пијат и 3 месеци по напишаниот рок на амбалажата. Ако се отворени, важно е да се напомене дека не се расипува, но го губи вкусот.
Тестенините во кеса имаат рок на траење 12 месеци, а замрзнат зеленчук неотворен од 18 до 24 месеци, доедапа пак отворен до 1 месец.
Кечапот неотворен: – 1 година ( и потоа е безбеден за користење но вкусот и бојата може да се сменат)
Отворен – 4-6 месеци ( и потоа е безбеден за користење но вкусот и бојата може да се сменат).
Comments are closed for this post.