Една од првите работи што ми ги кажа Харви Вајнштајн беше ‘Никогаш нема да успееш во оваа индустрија ако бидеш лебијка – вели актерката Кара Делевињ, која додава дека тоа се случило многу пред продуцентот да се обиде сексуално да ја искористи.
Британката отворено раскажува за тие моменти од нејзиниот живот во интервјуто за магазинот „Портер“, каде што потврдува дека отворената сексуалност не и помогнала на почетокот од кариерата и признава дека била една од жртвите на сексуално вознемирување од моќниот холивудски продуцент.
Кога почнував да правам кастинзи за филмови, тој кажуваше имиња од мажи и жени коишто ми се пријатели и ме прашуваше дали имам сексуални односи со нив. Тоа беше целосно ненормално – вели Делевињ.
Актерката, додава и дека успеала да го надмине тој тежок период од почетокот на нејзината кариера и дека тоа што веќе повеќе од една година е во врска со актерката Ешли Бенсон не и пречи да напредува кон врвот во актерската кариера.
Comments are closed for this post.