Ако Македонец или пак странец со своето возило го пушти радио приемникот ќе се запраша дали е во Македонија или пак во некоја соседна земја.

Грчки и албански радио станици прават ршум длабоко низ Македонија па дури и на фрекфенции кои се предвидени за домашни.

Ова е особено изразено во реонот на Струга и Охрид каде грмат „Клан“ и „Топ Албанија“.

Истото се случува и ако патувате кон Битола или пак Гевгелија.Таму ќе слушнете грчка музика и вести од „Прото“ или пак државната „ЕРТ“.

Агенцијата за медиуми треба да преземе мерки странските радио станици да не можат да се емитуваат длабоко низ Македонија бидејќи не веруваме дека соседните земји дозволуваат наши станици да емитираат програма во нивниот етер.