Довербата во кредитните картички и сметки е нешто што не треба великодушно да се дава, дури и на вашите најблиски. Тоа е  поуката за Мајкл Крејн од Флорида, кој се прости од своите  5000 долари од неговата  кредитна картичка, благодарение на неговата  гневна  девојка, пишува Marketwatch.

24-годишната Серена Волф е уапсена во туристички комплекс во Тампа Беј, Флорида, откако платила бакшиш во износ од 5000 долари со картичката  на нејзиното момче.

Сметката во ресторанот била  55 долари и 37 центи, или речиси 100 пати помалку од дарежливиот бонус, а според  истражните власти, тие двајцата се скарале додека доручеле во ресторанот.

Мајкл Крејн тврди дека  ја платил сметката со кредитна картичка, по што неговата девојка го искористила тоа повторно “за да му го врати или бидејќи била премногу пијана”.

Тој се обидел да контактира со банката за да ја откаже трансакцијата како невалидна, но било  предоцна.  Полицијата тврди дека надоместокот зависи само од добрата волја на вработените во кафетеријата.