Најбогатото куче на светот, Гантер IV ужива во луксузниот живот за кој сонуваат многу луѓе. Титулата за најбогато куче на светот му ја донесе наследството на неговиот татко Гантер III, исто така германски овчар.
Во 1992 година, Гантер III наследил околу 80 милиони долари од неговата покојна сопственичка, германската грофица Карлота Либенштајн. Бидејќи грофицата Либенштајн немала деца или роднини на кои би им го оставила своето богатство, нејзиниот миленик Гантер III бил единствениот наследник на големото богатство.
Овој германски овчар има раскошен начин на живот, на одмор оди со приватни авиони, додека храната му ја подготвуваат лични готвачи, а има и приватно обезбедување.
Comments are closed for this post.