Откако пред неколку дена успеа да го прелета Ламанш, Френки Запата најави дека на крајот на оваа година пред светот ќе претстави летечки автомобил.

Запата е француски пронаоѓач кој го измисли персоналното летало со кое самиот тој го прелета Ламанш. За француските медиуми тој ги соопштил неговите планови за во иднина, планира прво да отиде на одмор а потоа да се фати за работа и да го заврши проектот за летелчки автомобил.

Тој истакна дека веќе имаат направено прототип од овој автомобил и дека моментално е во фаза на тестирање.

„Мораме да ја завршиме изработката на летечкиот автомобил. Морам да го претставам пред крајот на оваа година“, реле Запата.

Тој исто така додаде дека шасијата на автомобилот веќе успеале да ја полетаат , моментално се работи на каросеријата и на добивање дозволи од надлежната француска агенција за цивилно воздухопловство. После тоа ќе следат уште многу тестови и развој пред самото претставување на автомобилот.