Една жена била посериозно повредена додека правела селфи пред кафезот на јагуар во зоолошка градина во Аризона, САД. Од инцидентот е поставена и видео на Јутјуб како предупредување дека неодговорниот однос кон животните и непочитувањето на безбедносните правила можат да предизвикаат фатални последици.

Жената ја прескокнала заштитната камена ограда, потоа се доближила до железниот кафез и во моментот кога правела селфи дивата мачка со своите канџи преку оградата ја зафаќа жената за нејзината рака. Притоа и нанесува неколку потешки повреди кои биле санирани во болница со неколку копчиња.

Жената подоцна преку социјалните мрежи упати извинување.