Јелена Карлеуша застана на сцената прв пат по смртта на нејзината мајка Дивна. Снимка од нејзиниот настап во Салцург брзо се најде на друштвените мрежи, а многумина коментираа дека нејзиното однесување во најмала рака е скандалозно.
Пејачката повикува момче од публиката да и се придружи на сцената, му ја искина маичката и почна да се трие од него.
Пријателите беа шокирани, а некои од коментарите се дека не е коректно кон сопругот.
„Не разбирам како не и е срам, има две ќерки кои сево ова ќе го видат“, „Правда за Тошиќ, морал да ја трпи сите овие години, а на крајот му наби рогови“, „Еј мој Тошиќ што си оженил“, се само некои од коментарите.
Comments are closed for this post.