Многумина од нас од од празнична еуфорија паѓаат во постпразнична депресија. Оваа состојба доаѓа откако ќе се соочиме дека и во новата година не чекаат истите проблеми и грижи а решението не е на повидок.

Ви нудиме водич од десет чекори како да ги преживеете празниците

Разберете дека совршени празници не постојат-тоа го има само во филмови.

Сетете се на вистинскиот дух на овие празници.

Исфрлете ги сите очекуања и поминете ги празниците на свој начин и правејќи го она што ве весели.

Научете како да бидете сами а не да се чуствувате осамено. Сетете се колку пати сте се чуствувале осамено меѓу луѓе, дури и со членовите на семејството, а колку пак пати и во сопствената самотија сте чуствувале исполнетост и мир.

Шетајте во природа, тоа е лек за сите тешкотии.

Имајте доволно сон, заморот може да предизвика депресија.

Прифатете го секое чуство кое се јавува во вас- имате право да бидете тажни овие денови, посебно ако сте изгубиле некој близок.

Научете да кажете „НЕ“ за во друштво ако тоа ви предизвикува нелагодност и не сте опуштено и при тоа чуствувате вина.

Помагајте на други, па дури ако треба и волонтирајте.

Понекогаш треба да го промениме фокусот во нашите глави и од она што го немаме да се заблагодариме на она што го имаме.