Во рамките на фестивалот “Есенски музички свечености”, во понеделник 30-ти ноември во фоајето на Националната опера и балет со почеток во 19 часот ќе се одржи концертот на четирирачно дуо: Ана Гацева – пијано и Татјана Џорлева – пијано.
Програма за понеделничкиот концерт:
А. ДВОРЖАК: From the Bohemian Forest
-In the spinning room
-By the black lake
-Walpurgis night
Ј. НОВАК: 4 танци
-Filastrocca No. 4
-Canto di ragazza No. 5
-La danza No. 6
-Zanzariana No. 8
Е. ГРИГ: „Пер Гинт“ свита op. 46 No. 1
-Morning Mood
-Ase’s Death
-Anitra’s Dance
-In the Hall of the Mountain King
И за овој концерт влезот е бесплатен, а како што напоменуваат од организацијата, и за овој концерт согласно протоколот за организација на настани во време на Ковид-19 треба да се запазат сите мерки кои се веќе предвидени.
Comments are closed for this post.