Со топлес фотографии за некои модели, Емили Ратајковска ја промовираше новата колекција костими за капење од својата модна линија за долна облека.

Уште во текот на 2017 година, моделот ја лансираше сопствениот бренд Inamorata, но во почетокот на февруари годинава, преку пост на социјалните мрежи, објави дека во текот на послената година работела на нов проект со кој сакала да претстави нешто многу повеќе од обична долна облека.

Емили или Емрата, како што е попозната во светот на модата, застана пред фотоапаратите за да ги рекламира своите нови модели на костими за капење. На некои од фотографиите таа е полугола, а на некои во скудни костими за капење.