Милијардерот Елон Муск мора да се брани на суд откако го нарече нуркачот кој лани помогна да се спасат тајландските ученици, заробени во една пештера,дека е педофил, соопшти судот во Лос Анџелес.
Судијата на федералниот суд го закажа судењето на 22 октомври.
Муск е тужен од Верн Ансворт, кој помогна да ги спасат 12 момчиња од тајландските пештери.
Шефот на Тесла го нарече Ансворт “педофил” во пост на Твитер, откако Британецот изјави дека обидот на Маск да помогне во спасувањето е “ПР трик”.
Ансворт лани помогна да се соберат искусни британски нуркачи, кои беас клучни за ослободувањето на момчиња кои заглавија во пештерата поради зголемувањето на нивото на водата во јули минатата година.
Иако акцијата на нуркачите беше во тек, Маск испрати инженери од неговата компанија Тесла и мала подморница во Тајланд за да им помогне на момчињата. Но, таа никогаш не била искористена. Ансворт бара најмалку 75.000 долари за компензација плус казнени штети од неговата тужба од септември 2018 година.
Comments are closed for this post.