Албанологот проф. д-р Џеват Лоши и литературниот критичар, академик Али Алиу, годинава ќе ја понесат наградата „ 22 Ноември“. Зад оваа одлуки стои Одборот за доделување на државната награда ,,22 Ноември“, што се доделува на личности кои придонеле во унапредување на соживотот и разбирањето меѓу припадниците на различни етнички, културни и верски заедници. Одлуката е донесена согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот. Тој jа донесе одлуката на последната одржана седница.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 ноември (недела) , на пладне, во Собранието на Република Северна Македонија. Претседател нa Oдборот за доделување на наградата „ 22 Ноември“ е проф. д-р Гзиме Старова.