Велибор Џаровски во емисијата на Миломир Мариќ раскажа за една случка од пред 17 години кога наместил меч на фудбалската репрезентација на Македонија против Андора кој завршил 0-0.

За публиката да не се посомнева Џаро на трибините ги донел Бојан Јовановски и тогашната евровизиска победничка Руслана и Бојан Јовановски.

 

Ја наместивме Македонија-Андора 0-0, пријателски меч за обложувалниците. Од ФФМ ми велат ти имаш задача да скренеш внимание на Јужната трибина да не го гледаат гледачите тој циркус бидејќи знате што значи тоа. Тогаш првев концерт со Руслана и ја викнав неа во кратка бунда и чизми а Боки 13 го облеков во сукња и сите гледаа во нас, никој не го гледаше натпреварот-раскажа менаџерот во емисијата.