Научниците откриле полжав стар 99 милиони години, а овој праисториски примерок е пронајден во парче килибар во Мјанмар.
Snail 99 million years old stunningly preserved in amber https://t.co/3JQLOMRAlv pic.twitter.com/FEimnq0z6n
— CNET (@CNET) October 13, 2018
Станува збор за едно од најзначајните откритија во историјата на палеонтологијата, затоа што во фосилниот облик е сочувано меко животинско ткиво, што досега во истражувањето на толку стари фослни облици не било случај.
Од меките ткива сочувани се главата, стапало и пипалата во фосилизираното парче старо 99 милиони години. Иако примерокот е помал од 0,5 сантиметри, за научниците нуди неверојатна можност да се погледне во животот на овие нејасни суштества од времто на диносаурусите, тврдат од Национал Географик.
Comments are closed for this post.