До понеделник времето ќе биде топло со слаб до умерен северен ветер со пораст на дневната температура. Веќе во вторник и во среда ќе има зголемена облачност со локален дожд, а поради заладувањето во среда се очекуваат врнежи од снег на планините.
За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 15 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.
Comments are closed for this post.