Моделот Никол Потуралски му се вратила на сопругот Роланд Мери. Двајцата биле видени на заедничка вечера со пријатели во еден од омилените ресторани на Мери во Берлин.

Така, откако последните месеци ги мина со холивудската ѕвезда Бред Пит, 27-годишната Потуралски одново се најде во прегратките на 68-годишниот бизнисмен.

Според медиумите од другата страна на океанот, холивудската ѕвезда бил тој, што ја испровоцирал разделбата. Причината за тоа била неговата желба да се фокусира на децата и на претстојните претседателски избори во САД.