Денеска и утре во МКЦ ќе се одржи првото издание на меѓународниот фестивал на краток филм – Skopje Frames.
Програмата е составена од 12 кратки филма, кои ќе се прикажуваат во следните термини: 1 февруари (понеделник) – 18, 20, 22 ч и 2 февруари (вторник) – 18, 20, 22 ч.
* Construct 42 – Никола Ангеловски
* Freight – Сава Живковиќ
* Winner – Семјуел Чован
* Apelul – The Call – Сефун Захариа
* Downfall – Бредли Коксеџ
* You know what I have nightmares about – Аглаја Филиповиќ
* Black and Faulty – Марко Џамбазоски
* Little One – Ана Андонова
* Mr. World – Јосип Трајкоски
* Aladdin’s Kitchen – Стефан Красиќ
* Deaflands – Бруно Велјановски
* Babush – Владислав Гавриловски
Билетите се достапи само преку bileti.mkc.mk за цена од 100 денари.
Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита.
Comments are closed for this post.