Денеска со почеток од 18:30 ќе се одржи бесплатна проекција на анимиран филм за деца во Градски парк (Школка) Во соработка со MFC MK, прикажан ќе виде анимираниот филм „Тајниот агент Мјау“.
Во оваа авантура главна улога има размазената мачка Марни која живее како принцеза, а нејзината сопственичка Розалинда ја размазува како дете. По наредба на злобниот брат на Розалинда, Марни е оставена во непознат свет, каде запознава нови другари и тука започнува нејзиното патешествие да се врати дома. Филмот е базиран на приказна од браќата Грим.
Настанот ќе се одвива според здравствени протоколи, во организација на скопската Зоолошка градина. Влезот е бесплатен, а пред Школка ќе бидат поставени столчиња од каде што безбедно ќе може да се следи филмот.
Comments are closed for this post.