Близу Ерусалим се издига еден стар и многу познат манастир во христијанскиот свет. Тоа е манастирот Свети Сава. Во седмиот век во овој манастир живееја монасите Јован, Сергеј, Патрикиј и многу други, делејќи ја тогашната тешка судбина на жителите околу Ерусалим кои беа постојано напаѓани од Сарацените.
Овие не штедеа ништо живо. Се случи Сарацените да го нападнат и манастирот на Велики Четврток. Тие влегоа во манастирот и од монасите бараа злато. Кога овие одговорија дека единствен имот им се старите облеки што ги носеа, Сарацените се разгневија и ги затворија во пештерата во која некогаш се подвизуваше Свети Сава. Потоа нафрлија дрва на влезот и ги задушија монасите со чадот од дрвата.
Од сите монаси што тогаш пострадаа познати се имињата само на споменатите тројца.
Comments are closed for this post.