Одбројувањето до најголемиот и најубавиот аудиовизуелен музички спектакл во месецот на виното и љубовта може да почне – затоа закружете го 10 февруари – датумот кога домашната публика ќе ужива во концертниот спектакл на една од најголемите музички ѕвезди во регионот Јелена Розга.
По неколкуте спектакуларни концерти во регионот, Скајмјузик со гордост го најавува настанот кој во рамки на турнејата „Минут срца мог“, ќе се случиво арената „Борис Трајковски“!, велат организаторите.
Јелена Розга, кралицата на поп-сцената и миленичката на сите генерации, позната по своите врвни настапи и неверојатната харизма, на сцената во Скопје ќе ги донесе најголемите хитови од соло кариерата како што се нумерите „Бижутерија“, „Окус ментола “, „Нирвана“, „Соло играчица“ и неизбежниот „Цунами“, но и оние што од времето кога членуваше и беше дел од групата Магазин, во која и ја започна кариерата.
Спектаклот ќе биде заокружен со врвната аудиовизуелна продукција потпишана од Скајмјузик продукција – регионалниот лидер во организацијата на најголемите музички настани и фестивали.
Од Скајмјузик најавуваат дека со претстојното шоу ќе постават нови стандарди и уште еднаш ќе ги поместат границите на забавната индустрија. Спектакуларните аудиовизуелни ефекти, совршениот звук и најсовремената продукција ќе го комплетираат настапот на Јелена. Во портфолиото на Скајмјузик стојат запишани низа настани во соседството и регионот, како Белградскиот пиво фест, Music week, Music Awards Ceremony, Саборот на трубачи во Гуча… Тука не завршува оваа повеќе од успешна приказна, годинава се задолжени за комплетна организација на двата белградски концерти на Рамштајн, како и за техничката продукција на концертот на Ед Ширан…
Едвај чекам да дојдам во Скопје, да застанам пред македонската публика бидејќи знам како изгледа секој мој настап кога пеам низ Македонија. Навистина се радувам на мојот концерт во февруари и во таа голема сала, која ми е сон одамна, вели Јелена, не криејќи го задоволството што на публиката ќе ѝ приреди неверојатно уживање на кое долго работела.
Концертот во Скопје што се одржува во рамки на турнејата „Минут срца мог“ следува по одличните настапи во Загреб, Белград и Нови Сад.
Не можам да ви опишам колку се радувам и колку, заедно со мојот тим, едвај ја чекам таа посебна сабота! Скопје се гледаме наскоро! Ве сакам!, вели Розга, која деновиве интензивно работи на подготовките за најавениот спектакл и постојано е на релација Хрватска – Словенија, каде има проби со танчарите.
Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје може да се купат преку www.efinity.rs, но и преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари.
Постои уште една опција да се дојде до билет, а која важи за оние од другите градови ширум земјата, односно за фановите од Струмица, Радовиш и Штип. Благодарение на Евентум и ТА Нова травел, а поради големиот интерес, превозот од овие градови до Скопје и назад заедно со влезница за партерот чини 1700 денари
Comments are closed for this post.