Сплитската пејачка Данијела Мартиновиќ (50) за прв пат отворено проговори за раскинувањето со Петар Грашо (45), кој подоцна среќата ја најде со Хана Хуљиќ (30). Во интервју за Глорија, Даниела ја опиша нивната 26-годишна врска како „убаво минато“
Моментот кој е неизбежен не може да ве одмине – изјави Данијела која со многу оптимизам гледа кон иднината и е подготвена за нов почеток во своите 50-ти.
Непишано правило е дека врските завршуваат драматично, но кога со тебе е личност која ја почитуваш и цениш, тогаш раскинувањето е уште понеразбирливо – вели пејачката и додава дека понекогаш се случува некои работи кои ни биле важни да станат речиси ирелевантни.
Кога тоа се случува во врската, најправедно и најискрено е секој да продолжи да се развива во своја насока и во свој ритам. Ако одлуката се донесе во вистинско време, останува меѓусебното почитување и благодарност – заклучи таа.
Мислам дека најлошо и најопасно е да останеш во врска поради страв или обврска – вели Даниела која тврди дека не ни знаела дека по раскинувањето со Грашо ја поврзува со богат Австриец.
Comments are closed for this post.