Интернет-страницата „Гласот на Езерото“ (http://glasotnaezeroto.mk/) за кус период од две седмици регистрирала над милиони посети.

Посетителите на страницата на иновативен музичко-технолошки начин може да слушнат како „звучи“ Охридското Езеро, да ја почувствуваат неговата сила и нежност и да се уверат во неговата уникатност и убавина.

Иницијаторот на проектот, што има за цел да потсети на убавините на Охрид и Охридското Езеро, е „Македонски Телеком“, а самиот проект произлегува од долгогодишната соработка на компанијата со Фестивалот „Охридско лето“.

Инаку, иницијаторот и реализаторот на проектот преку „Гласот на Езерото“ сака да потсети дека технологијата е создадена и се развива за добри нешта, го збогатува секојдневниот живот, овозможува личен и професионален развој. Истовремено, тоа покажува дека со помош на технологијата може да се создаде величествена и оригинална уметност што ќе остане во трајно наследство за идните генерации.