Кинескиот технолошки гигант Хуавеи годинава ќе го претстави првиот 5-Г телевизор во светот, објави списанието „Никеи ејжан ривју”, повикувајќи се на неименуван извор.
Меѓутоа, Хуавеи досега сè уште официјално не ги потврдил тие наводи.
Наводно, телевизорот ќе има 5-Г модул и екран со резолуција 8К, што овоможува преземање големи количини содржина со огромна брзина и 16 пати поквалитетна слика од сегашните екрани со 1.080 пиксели ХД.
Во споредба со обичните телевизори поврзани на кабловски модем или оптичко влакно, 5-Г ТВ ќе го прима сигналот преку вграден 5-Г модем
Comments are closed for this post.