Зад името „La Coupe“ се крие најчудната и најоригинална Тојота, недостапна за европскиот пазар.
Тојота очигледно е отворена за нови идеи. Тоа го покажа на новата „Супра“, а сега се појави и концептот „La Coupe“. Од јапонската компанија велат дека станува збор само за концепт, со кој би сакале да ги привлечат младите.
Осмислен е само за јапонската публика и не станува збор за сериско производство“ , појаснуваат од Тојота.
Ова возило е претставено во Наошима и привлече големо внимание, а неговите фотографии и видеа се споделуваат на социјалните мрежи. „La Coupe“, е концепт со две врати без прозорски рамки. Посебен е со заоблениот дизајн , што е веќе речиси напуштен, како и бисерните светла. Предниот и задниот дел речиси и да не се разликуваат. Под капакот има хибриден погон, а за тоа потврда е предната плоча со инструменти.
Comments are closed for this post.