Aдел се раздели  од својот сопруг, Сајмон Конеки. Веста беше објавена од портпаролите на британските пејачка, цитирани од Би-Би-Си.  Пејачката соопшти дека и покрај разделбата, двајцата ќе ја делат грижата за својот син и ќе останат добри родители.

Двајцата брачни другари побараа од медиумите да го почитуваат нивното право на приватност и рекоа дека повеќе нема да коментираат за нивното разделување. Адел го роди својот син Анџело во 2012 година. 30-годишната пејачка се омажи за Сајмон Конеки, кој се занимава со добротворна организација, во 2016 година.

Адел, која е родена во Лондон   се искачи до првите места на топ листите со албумите 19, 21 и 25. Адел и Конеки се венчаа на тајна церемонија и за прв пат го објавија бракот јавно за време на церемонијата на врачување на наградите „Греми“ во 2017 година кога пејачот му се заблагодари на нејзиниот сопруг за добивање на грамофонот.

Деби албум на Адел, кој беше издаден во 2008 година, стана хит со синглови „Chasing Pavements“ и „Hometown Glory“ кои достигнаа врвот во британските топ листи.  По своето деби таа освои огромно признание и награди, а следниот албум 21 стана број 1 на топ листите на 30 држави – вклучувајќи Велика Британија и САД.