Најголемата балканска ѕзезда Здравко Чолиќ синоќа имаше одличен концерт во Скопје. Публиката беше дојдена од цела Македонија но и тоа не беше доволно да го наполни Градскиот стадион. Празни места имаше на речиси сите делови од стадионот како и на партерот.
Причина за тоа сигурно не намалената популарност на Чола туку едноставно ова беше негов трет концерт за само седум месеци, а згора на тоа беше и продолжен викенд па многумина беа заминати.
Но, и покрај тоа ова беше одличен концерт а миленикот на публиката во добра форма и покрај своите 68 години. Повеќе од три часа ја држеше публиката во ритам со хитови со кои растеа многу генерации а некои не биле ни родени кога тие песни настанале.
Comments are closed for this post.