Бритни Спирс загуби дел од старателството врз своите деца, откако едно од нив било нападнато од таткото на пејачката, Џејми Спирс, јавуваат светските медиуми.
Поранешниот сопруг на поп-sвездата, Кевин Федерлајн, на 25 август пријавил во полиција дека Џејми го нападнал неговиот постар внук Џон. Конфликтот наводно се случил на 24 август во домот на старецот. Дедото и внукот се расправале и во еден миг Џејми силно го удрил детето и тоа паднало на земја, но не се повредило.
Судските документи покажуваат дека Федерлајн добил 70 отсто старателство врз децата, а Бритни – 30 отсто.
Според порталот „Бласт“ пак, Бритни целосно го изгубила старателството.
Comments are closed for this post.