Бразилскиот актер Џеферсон Мачадо (44), кој исчезна пред речиси пет месеци, е пронајден закопан пред куќа во Рио де Жанеиро.

Веста дека актерот е пронајден мртов ја објави семеен пријател на својот профил на социјалните мрежи.

– Со големо жалење ве известуваме дека Џеф е пронајден мртов – напишала Синтија Хилсендегер во потресна објава.

Полицијата соопшти дека телото на актерот било пронајдено врзано и набиено во дрвена кутија, која потоа била закопана два метри под земја во дворот на приватна куќа во населбата Кампо Гранде. Тој беше идентификуван врз основа на неговите отпечатоци од прсти.

Рацете му биле врзани зад главата – рекол адвокатот на семејството и нагласил дека актерот имал жица завиткана околу вратот, што укажува дека најверојатно е задавен.

Адвокатот додаде дека телото било испрскано со некоја хемикалија за да не се почувствува непријатниот мирис на распаѓање.

На видеаото се гледа дека ковчегот бил ископан и извлечен од тим од девет луѓе кои прво морале да го скршат бетонскиот под со дупчалка.