Фестивалот на европски филм во Палиќ оваа година ќе биде отворен на 20. јули со филмот на Педро Алмодовар „Болка и слава“ кој ќе биде прикажан надвор од официјалната конкуренција. Во натпреварувачкиот дел од програмата како и во останатите програмски целини до 26. јули ќе бидат прикажани повеќе од 130 долгометражни и кратки играни и документарни филмови.Како филм за затварање на фестивалот е избран филмот на браќата Дарден „Младиот Ахмед“, кој исто ќе биде надвор од официјалната конкуренција.
Филмот за отварање на летната сцена на Палиќ „ Болка и слава“ на Педро Алмодовар е премиерно прикажан на фестивалот во Кан, каде актерот Антонио Бандерас ја доби главната награда за машка улога. За филмот „Младиот Ахмед“ кој беше исто така во трка за овогодишната златна палма, славните белгиски режисери Жан Пјер и Лук Дарден ја добија наградата за најдобра режија.
Главната програма оваа година ќе биде во селекција на Ненад Дукиќ, додека за селекцијата во натпреварувачкиот дел од програмата „Паралели и судири“ (филмови од Источна Европа) ќе биде одговорен Нил Јанг.
Програмата Младиот дух на Европасо кратки и експериментални форми, исто така е во селекција на Нил Јанг. Во рамките на неа ќе биде доделена наградата “Underground Spirit” .
Традиционалните програми Нов унгарски филм и Фокус (во фокусот на оваа издание е грчката кинематографија) се реализираат во соработка со филмските центри на тие земји, а програмата Best of Europe во соработка со Европската филмска академија.
Циклусот Великаните на европската кинематографија ќе биде посветен на најновите остварувања на филмските автори од стариот континент.
Во рамките на 26 тото издание на фестивалот наградата Александар Лифказа исклучителен допринос во европската кинематографија ќе му биде доделена на Миљен Краковиќ Крека кој е еден од најценетите сценографи во Европа, носител и на француската награда Цезар, како и на Европската филмска награда за филмот „Продавница за деликатеси“ (Delicatessen) на Марк Каро и Жан Пјер Жано. Во регионалната кинематографија е познат по работата во филмовите Специјално воспитување, Дом за бесење, Андерграунд, Лажливо лето ’68, Св. Георгије го убива змејот итн.
Во минатогодишните изданија на фестивалот, наградата Александар Лифкалично ја имаат подигнато големини на филмската уметност како Кен Лоуч, Кен Расел, Јиржи Менцел, Никита Михалков, Емир Костурица, Милена Дравиќ, Бата Живоиновиќ, Љубиша Самарџиќ… Во чест на овогодишните лауреати, ќе биде прикажан и омаж на филмови од нивното творештво.
Фестивалот во Палиќ своето прво издание го почнува во турбулентната 1992 година и успешно се развива во еден од денес највлијателните фестивали од тој тип во Европа, добивајќи и меѓународно признание за својата работа – наградата ЕФФЕ на Европската асоцијација на фестивали за најдобар уметнички филмски фестивал во Европа за 2017/2018 година.
Предфестивалскиот програм на 26. ФЕФ ќе почне со селекцијата Best of Europe 2018, додека пет постари остварувања ќе бидат прикажани во програмата Класици на Тргуво амбинет на отворено, на Плоштадот на Слободата во Суботица. Во тек на фестивалот ќе бидат прикажани и филмови од фестивалот Жигмонд Вилмош во Сегедин, како и селекција Short Matters!од кратки филмови номинирани за награда од Европската филмска академија.
Програмата ќе биде збогатена и со изложби, промоции на книги, панел дискусии, музичка програма во предворието на киното Абазија (со доминација на етно-џез звукот), како и бројни работилници и едукативни активности. За успешна реализација на изданието(според порталот seecult.org) извршниот продуцент на фестивалот Илија Татиќ располага со фонд од 25.5 милиони динари.
Со подршката на Филмскиот центар на Србија, и оваа година се организира „работилница на критика“ во која ќе учествуваат млади критичари од шест земји.
Претходното, јубилејно 25. издание на Филмскиот фестивал на европски филм во Палиќ заврши со победничкиот филм на Берлинале 2018 – „Не ме допирај“ на романската авторка Адина Пинтилие, а официјално го затвори славната актерка и дотогашна претседателка на филмскиот Совет Мира Бањац, која на тоа место ја замени прославениот режисер и сценарист Душан Ковачевиќ.
Наградата „Златни торањ“ за 25. издание на фестивалот ја понесе белгиско-холандското филмско остварување – Девојка на Лука Донт, филм кој беше прогласен за најдобар и од страна на публиката.
За најдобра режија награден е Расмус Клостер Бро за данскиот филмот Кртица, додека специјално признание доби шпанскиот филм Кармен и Лола на режисерката Аранча Ечеварија.
Comments are closed for this post.