Верноста и повеќе годишната посветена работа навистина се исплатува. Ова се потврдува и со случајот на Иван Мезга, вработен во Австрија, на кого шефот за дваесет годишната работа го награди со автомобил марка БМВ и скапоцен часовник.
Иван Мезга (48) од Декановац, работи во фирма за производство на вино „Strablegg-Leitner“ во Австрија, а неодамна од својот работодавач доби БМВ и скапоцен рачен часовник.
Причина? Иван прослави 20 години работа во компанијата, а на оваа значајна годишница неговиот шеф одлучи да ја одбележи со впечатлива награда.
Со обзир на тоа дека Иван е заљубеник во овој тип на автомобили, поклонот го воодушеви и нагласил дека е среќен што работи во ваква прекрасна компанија и со шеф кој ги цени своите вработени.
Comments are closed for this post.