Глумецот Џон Оливер во интервју за „Шоуто на Стивен Колберт“ откри дека Бијонсе била фотошопирана на главниот промотивен плакат за новиот филм „Кралот лав“.
Всушност, нејзиниот лик е отпосле додаден на сликата, оти таа не присуствувала на фотографирањето.
„Да, таа не беше таму. Не можам да се сетам, но ми се чини, сите други беа таму… А, не смеев ни да стојам на местото каде што беше напишано името на Бијонсе“, вели Оливер.
Сепак, британскиот глумец натаму нагласи дека е голем обожавател на Бијонсе, и дека ја смета за „вистинска кралица“, како што на шега рече наместо Елизабета Втора.
Comments are closed for this post.