Бездомникот Мајкл Грин од Тексас добил работа од соништата , кога само сакал да се разлади и да се тргне од жештината.
Мајкл влегол во хотел за да се спаси накратко од жештината и влегол во холот на хотелот Ла Сала . За само неколку минути животот целосно му се сменил. Добил работа и покрив над главата со сместување во хотелот.
„Мајкл изгледаше како да бил најмалку две недели на плажа. Облечен во апостолки, со шорцеви и косата во опашка. Тој спонтано седна на пијаното и почна да свири, а ние бевме воодушевени и се прашувавме како да го убедиме овој човек да остане да свири на пијаното во холот”, вели Бил Ален , вработен во хотелот.
Comments are closed for this post.