Поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам, остана без возачката дозвола во период од 6 месеци затоа што полицијата го фатила со мобилен телефон додека возел.
Бекам (44) го возел својот „бентли“, но полцајците го фатиле на Вест Енд со мобилниот в раце. Настанот се случил лани во ноември, објави Би-би-си.
Властите не го прифатиле извинувањето на Бекам дека го користел мобилниот затоа што сообраќајот бил многу бавен. Бекам, сепак, на крајот џентлменски признал дека е виновен.
Лани во Англија и во Велс биле фатени 8.300 возачи кои го прекршиле законот возејќи со мобилен.
Comments are closed for this post.