Австралиски сурфер се „поздравил“ со ајкула за време на еден тренинг, а блиската средба е снимена од камерата која тој ја носел со себе. Инцидентот кој за среќа на сурферот завршил без последици се случил во Доминиканска Република.
Алекс Сото, кој се подготвува за Панамериканските игри во 2019, како што може да се види на видеото, се чини дека во еден момент удира во ајкулата, а потоа со голема брзина летнува во воздух.
Тој подоцна обелодени дека ја видел ајкулата секунди пред да се судри со неа, но немал доволно време заради големата брзина, да го избегне сударот.
Comments are closed for this post.