Една од најпознатите светски пијанистки дефинитвно е Лола Астанова, која со својата убавина и талент го освои светот.
Триесет и четири годишната родум во Ташкент, неодамна го „научи“ српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ да свири клавир, а снимката која ја објави на Инстаграм стана хит.
Лола е активна на друштвените мрежи, пред се на Инстаграм, а по правило таму објавува снимки како свири клавир во провокативно издание. Секако, на овој инструмент изведува популарни делла од класичната музика.
Во светот на „Телетабис музиката“, добро е понекогаш да се потсетите на потеклото и местото од каде сè почнало… напишала Лола и објавила снимка каде во краток фустан свири клавир.
Убавата пијанистка со потекло од Узбекистан, минатата година беше во центарот на вниманието заради мистериозниот одос со Стјепан Хаусер, член на составот „2 челос“ и поранешен вереник на Јелена Розга.
Се зборуваше дека тие двајца се во страсна врска, дури и застанале на лудиот камен, меѓутоа подоцна открија дека фотографиите од наводната венчавка ги „лажирале“ и дека впрочем тоа било првоаприлска шега.
Comments are closed for this post.