Египетски археолози пронајдоа скулптура на сфинга, при истражувања во храмот Ком Омбо во градот Асуан.
Египетското Министерство за антиквитети соопшти дека склуптурата на митското суштество со човечка глава и тело на лав е направена од камен. Таа најверојатно потекнува од периодот на династијата на Птоломеидите. Неодамна во овој храм беа пронајдени и два рељефи на фараонот Птоломеј Петти
Птоломејската династија владеела со Египет околу 300 години од околу 320 п.н.е. до околу 30 п.н.е.
Comments are closed for this post.