Апликацијата за  модификација на селфи , “FaceApp”, која меѓу другото ја има функцијата го  “остари” лицето на фотографијата, направи милиони долари за само десет дена, објави американскиот бизнис-магазин Forbes.

Приходите се направени и покрај предупредувањата на американските политичари и нивните апели до граѓаните да не ја користат оваа апликација која е произведена во Русија.