Анастасија Ражнатовиќ за првпат проговори за апсењето на нејзината мајка во акцијата „Сабја“ по убиството на премиерот Ѓинѓиќ. Таа вели дека имала само пет години и тешко и паднало бидејќи не знаела за што се работа. Веднаш по апсењето ја однеле кај бабата и дедото во Житораѓа а за мајката и рекле дека е во Америка.

Најтешко и било на роденденот.

Ми се јави и плачеше. Ја прашав зошто плачеш кога ми е роденден таа ми вика не плачам. Зошто ако си ти во Америка не може тета да дојде, ми рече дека двете не можеме да дојдеме и имаме работа таму.Тука се баба и дедо-раскажува Анастасија.