Кери Нилсен од градот Феникс, Аризона, искористил 1 030 315 парички за да изгради пирамида, констатирале од одборот на Гинисов рекорд.

Потребни му биле три години за да ја создаде 132 сантиметри високата конструкција. Нилсен е познат на каналот на Ју Тјуб под прекарот „Пени билдинг фул“. Со неговиот потфат го сруши претходниот рекорд на литванец кој изградил пирамида со околу 1 милион монети.

Конструкцијата на Нилсен тежи 2885 килограми. При изградбата на пирамидата, рекордерот не користел ниту лепило, ниту леплива лента. Тој ги ставал на купче монетите од 1 цент во групи од по 11.

Пред да го постигне светскиот рекорд, претходно Нилсен има изградено пирамида од 47 илјади парчиња.