Еди Хасел, најпознат по улогата на тинејџерот Клеј во филмот „Децата се добри“, номиниран за Оскар во 2011 година, почина на 30-годишна возраст од прострелни рани, потврди неговиот агент, пренесуваат бројни американски медиуми.
Злосторството се случило во Тексас, каде живеел и Хасел, а според првите полициски извештаи, првично станува збор за грабеж на автомобилот на Хасел, кој завршил со убиство. Убиството се случило пред апартманот на девојката на актерот.
Младиот актер се обидуваше да го најде своето место под сонцето во Холивуд, а уште во тинејџерските денови му се насмевнала среќата во светот на глумата. На 19-годишна возраст, тој глумеше заедно со Џулијана Мур, Марк Руфало и Анет Бенинг во фалениот филм „Децата се добри“.
Потоа играше помали улоги во филмовите „2012“, „Семејното дрво“, „Работни места“, „Воински пат“ и „Бомба град“, а исто така глумеше и во сериите на Ен-би-си „Површина“. Покрај глумата, тој активно се занимаваше со сурфање на вода и скејтборд.
Comments are closed for this post.