Александар Аки Рахимовски ќе биде испратен во последното почивалиште со песната „Sailing“ од Род Сјуарт, која Аки често му ја пееше на својот син Кики.
– Татек добро спие – им рекол на пријателите расплаканиот Кики Рахимовски, синот на Аки Рахимовски.
Аки Рахимовски ќе биде погребан во четврток во 15 часот во загрепски Мирогој во Алејата на великаните, со семејството и пријателите.
Големиот музичар во вечниот покој ќе го придружува песната „Sailing“ од Род Стјуарт, која Аки често му ја пееше на својот син Кики додека тој беше сè уште бебе.
До последниот одмор ќе го придружуваат членовите на клапата, кои покрај неговиот гроб ќе отпеат две македонски песни кои Аки многу ги сакаше.
Comments are closed for this post.