Аца Лукас (50) и Соња Вуксановиќ (43) денеска конечно се разведоа.
Според пишувањата на српските магазини на судењето за цело време се слушала жестока расправа, фолкерот зборувал гласно, исто како и Соња.
Откако го напушти судот Аца Лукас за констатациите дека било бурно изјави дека причината се пари.
„Беше како на пазар! Парите се причина, нормално“, изјави Лукас, а на прашањето дали повторно ќе се жени, бидејќи сега е слободен човек, а има девојка тој одговори „со оглед на претходниот брак, никогаш!“.
Сега веќе поранешната сопруга на Лукас излезе една минута покасно од судот и наводно зборувајќи со некој на телефон извикна „Конечно!“, а потоа додаде:
Ова е најсреќниот ден во мојот живот!, изјави Вуксановиќ.
Инаку, Лукас во понеделник, 16 септември, после два месеци конечно ќе ја види неговата ќерка Викторија.
Comments are closed for this post.