55 МТФ „Војдан Черондрински“ дефинитивно е откажан, а требаше да ги покаже најдобрите претстави од сите 16 театари во земјава. Но, поради планираната бројност на домашните и странски гости,  одлучено е да не се ризикува со појава на нов кластер инфицирани и формално одржување на програмата, потенцира уметничката директорка на фестивалот.

Според програмската директорка Катерина Коцевска, во план е концептот за јубилејното издание  на „ Чернодрински“ да се задржи в година, а ако поради пандемијата останат истите протоколи , за претстави со мал број актери, тоа ќе значи лимитирање при изборот на најдобрите театарски остварувања.

Организаторите на 49 ИТФ„ МОТ“ пак, најавуваат задржување на континуитетот, но одложено издание за средината на ноември, наместо во септември.