Мис Филипини-24-годишната Катриона Греј е крунисана за Мис унивезрум на конкурсот за убавина во тајландската престолнина Бангкок, пренесува ДПА.

Катриона Греј е Филипинка од австралиско потекло. Таа е телевизиска водителка, пејачка и манекенка.

 

На прашањето која и е најважната лекција, што ја научила во животот, Греј возврати дека научила да биде благодарна и да се стреми кон убавина додека предавала на деца од предградијата на Манила.

За прва придружничка на Греј беше прогласена 24-годишната Тамарин Грин од Јужна Африка, а за втора Стефани Гутиерес од Венецуела.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Последниот, 67-ми конкурс за Мис унивезрум се одржа по третпат на Тајланд, кој последен пат беше домаќин во 2005 година.