10 години од првата претстава „Меѓусвет“, во кореографија на Рисима Рисимкин, слави Скопскиот танцов фестивал. Токму заради овој јубилеј во петок, онлајн, ќе биде прикажана претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“.
-Во своето 10-годишно постоење, Скопје танцовиот театар успеа да оформи извонреден танчарски кадар, во соработка со Скопје танцовата академија, а од 2017 и со Универзитетот ‘Гоце Делчев’ во Штип. Компанијата во континуитет активно работи на создавање, промоција и презентација на современата танцова уметност кај нас, како и на нејзин пласман на светската танцова сцена, вели Рисимкин.
Според Рисимкин, како круна на своето десетгодишно постоење, Скопје танцовиот театар има покана годинава да гостува во Националниот театар Шајо во Париз, еден од најдобрите и најпрестижни светски театри за современ танц.
Comments are closed for this post.